OОУ „Рајко Жинзифов“

My blogs

About me

Location Скопје, Р. Македонија
Introduction Нашето училиште „Рајко Жинзифов“ официјално започна со работа на 1 август 1964 година и е плод на хуманоста и солидарноста на народот и Владата на Велика Британија, кои по земјотресот во 1963 година со изградбата на овој објект овозможија ниедно детство да не запре, туку напротив, тоа да биде посреќно и поубаво. Иако објектот беше од времен карактер со цел да послужи десетина години, благодарение на квалитетната градба тој нè служеше речиси педесет години. Од 2014 година, благодарение на македонското пријателство со Република Кина, новата учебна година ја започнавме во нов современ училишен објект изграден според современите стандарди за изведба на наставно-образовниот процес. Училиштето располага со 34 училници за изведување на кабинетска настава, специјализиран кабинет за странски јазици, комплетно опремен кабинет по информатика со најнова технологија, опремени кабинети за предметите од природни науки, техничко образование, наставнички канцаларии и други пропратни простории на вкупно 4500-м2 . Во состав на нашето училиште веќе неколку години работи и подрачното училиште во населбата Пинтија.